Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 841 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на Ковид-19. Пријавени се вкупно 35 починати лица и оздравени 900 пациенти.
Од 135 новозаразени, во Скопје се 81, Тетово – 15, Куманово – 13, Прилеп – 8, Кавадарци – 7, Македонски Брод – 3, Штип – 2, Битола, Кочани, Кичево, Гевгелија, Неготино и Берово – по 1.
Од Регистрираните 900 оздравени пациенти, од Скопје се 363, Битола – 62, Куманово – 54, Прилеп – 51, Велес – 46, Охрид – 44, Кавадарци – 40, Струга – 32, Кочани и Гостивар – по 23, Струмица – 22, Тетово – 16, Штип – 14, Кичево и Гевгелија – по 12, Пробиштип – 11, Берово –9, Неготино, Свети Николе и Крива Паланка – по 7, Ресен, Радовиш и Богданци – по 6, Делчево – 5, Македонски Брод, Виница, Кратово и Македонска Каменица – по 4, Валандово – 3, Пехчево – 2 и Крушево– 1.
Пријавени се вкупно 35 починати лица: 14 од Скопје (46г, 46г , 54г, 56г, 69г, 70г ,77г, 79г, 79г,81г,87г, 87г, 87г, 89г), по 3 починати лица од Битола (72г,74г и 84г) и Куманово (62г,64г и 68г), по 2 лица од Прилеп (61г и 62г), Струмица (70г и 76г), Штип (58г, 72г) и Виница (68г и 70г), по едно лице од Велес (67г), Охрид(83г), Струга (75г), Гостивар (71г), Кочани (77г), Кичево (70г) и Неготино (69г). Од починатите пациенти, 3 лица се починати во домашни услови, а останатите 32 лица во болнички услови.
Во моментов во Охрид има 846 активни случаи.
OhridNews