Во последните 24 часа од направени 2452 тестирања во земјава, регистрирани се нови 622 случаи позитивни на Ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Оздравени се 1689, а починаа 12 лица.

Во Охрид во изминатото деноноќие регистрирани се нови 22 случаи, додека најмногу се евидентирани во Скопје – 300.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1689 оздравени пациенти, 34 од Охрид и 25 од Струга.

Од починатите, двајца пациенти се од Охрид (58 и 69г), тројца од Скопје (77, 64 и 54г), еден од Куманово (64г), еден од Дебар (75г), еден од Тетово (63г), еден од Гостивар (65г), еден од Крива Паланка (74г), еден од Радовиш (68г) и еден пациент од Неготино (54г). Пациентите се починати во болнички услови.

Во Охрид во моментов има 446 активни случаи, а во Струга 242.

OhridNews