Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.093 тестирања, а регистрирани се 150 нови случаи, 2 во Охрид.

Најмногу случаи има во Скопје – 62,  по што следат Куманово – 17, Битола – 8, Штип – 6, Струмица, Ресен и Радовиш – по 5, Тетово и Кичево – по 4, Велес, Гостивар, Кочани, Дебар и Виница – по 3, Прилеп, Кавадарци, Струга, Гевгелија и Делчево – по 2, Неготино, Свети Николе, Берово, Пробиштип, Кратово, Пехчево и Македонска Каменица – по 1.

Пријавени се вкупно 16 починати пациенти од кои шест од Скопје (50г, 62г, 66г, 79г, 81г и 83г), и по едно лице од Куманово (54г), Велес (69г), Гостивар (70г), Штип (69г), Струмица (54г), Струга (83г), Кочани (65г), Гевгелија (72г), Радовиш (88г) и Богданци (78г).

Регистрирани се 487 оздравени пациенти 31 во Охрид и 9 во Струга.

Во моментов во Охрид има 345 активни случаи.

OhridNews