Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 529 тестирања, а регистрирани се 63 нови случаи на коронавирусот. Починати се 13 лица, а 176 оздравени.

Од новозаразените, од Скопје се 42, Куманово-3, Тетово-2, Прилеп-2, Гостивар-1, Штип-1, Битола-1, Велес-2, Охрид-1, Струмица-2, Кавадарци-1, Неготино-1, Виница-1, Пробиштип-2, Крушево-1.

Починати се 13 лица, пет пациенти од Скопје (69, 72, 77, 66 и 66г), два од Велес (66 и 80г), три од Струга (74, 87 и 73г), еден пациент од Кратово (52г), еден од Крушево (79г) и еден од Демир Капија (62г). Пациентите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 176 оздравени пациенти. 22 од Охрид и 4 од Струга.

Во моментов во Охрид има 355 активни случаи, а во Струга 165.

OhridNews