Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.176 тестирања, а регистрирани се 361 нов случај на Ковид-19, починале 14 лица, а регистрирани 2 116 оздравени пациенти.
Од новорегистрираните најмногу се во Скопје-164, по што следи Куманово-17, Велес и Гостивар со по 16, Прилеп-15, Охрид-13, Тетово-12, Кичево-10, Струмица, Кочани и Ресен по девет, а по осум нови случаи има во Штип и во Кавадарци.
Институтот за јавно здравје денеска регистрира 2116 оздравени пациенти, најмногу од Скопје-1489, Куманово-6, Тетово-139, Прилеп-19, Гостивар-58, Штип-8, Битола-80, Велес-45, Охрид-3, Струга-5…
Починати се 14 лица, шест пациенти од Скопје, еден од Куманово, двајца од Тетово, еден од Прилеп, еден од Охрид, двајца пациенти од Струмица и еден пациент од Струга. Од нив тројца се починати вон, останатите во болнички услови.
Во моментов во Охрид има 452 активни случаи, а во Струга 195.
OhridNews