Министерството за здравство информира дека, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа регистрирани се 457 новозаразени со коронавирусот од направени 1.682 тестирања, починати се 30 лица, на возраст од 50 – 84 година, а оздравени 700 пациенти.

Од новозаразените во Скопје се 198, Прилеп – 32, Куманово – 30, Охрид – 29, Велес – 25, Кавадарци – 24, Штип – 17, Тетово – 16, Гевгелија – 15, Гостивар – 13, Струмица и Кочани – по 9, Неготино, Свети Николе, Македонски Брод, Виница, Струга – 5, Пробиштип – 3, Кичево, Крива Паланка, Радовиш и Богданци – по 2, Ресен, Дебар, Берово и Кратово – по 1.

Регистрирани се 700 оздравени пациенти од: Скопје – 291, Кавадарци – 52, Неготино – 42, Охрид – 38, Велес – 36, Прилеп – 35, Куманово – 26, Крива Паланка – 25, Гостивар – 23, Гевгелија – 18, Битола – 15, Струга – 14, Струмица – 13, Кочани – 11, Богданци – 10, Тетово – 8, Берово – 7, Штип ,Радовиш и Демир Капија – по 5, Пробиштип и Валандово – по 4, Свети Николе и Кратово – по 3, Демир Хисар – 2, Кичево, Ресен, Виница, Крушево и Македонски Брод – по 1.

Пријавени се вкупно 30 починати лица, на возраст од 50 – 84 година и тоа: 8 пациенти од Скопје, од Прилеп – 6, од Битола и Охрид – по 3 починати, од Кочани и Демир Капија – по 2 и по едно починато лице е пријавено од Куманово, Тетово, Велес, Струга, Неготино, и Радовиш. Сите пријавени се починати во болнички услови.

Направени се 1.682 тестови преку: ИЈЗ-679, ЦЈЗ Скопје-28, ЦЈЗ Битола-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Жан Митрев (Филип Втори)-157, Авицена-0, Биотек-163, Систина-286, лабораторија Лаор–0, Синлаб-38, Ремедика-0 ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 331.

Досега во земјата се направени вкупно 591.958 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 119.828, бројката на оздравени пациенти е 101.474, на починати е 3.503, а бројот на активни случаи изнесува 14.851.

Во моментов во Охрид има 559 активни случаи, а во Струга 157.

OhridNews