Нови 112 случаи на Ковид-19 од направени 4.196 тестирања се евидентирани во последните 24 часа. Починати се 13 пациенти, а оздравени 2.179 лица.
Од новозаболените, 30 се во Скопје и 13 во Куманово, додека во останатите градови забележан е едноцифрен број на новозаболени. Така, во Кичево има осум нови случаи, во Битола седум, во Радовиш шест, во Охрид пет, во Прилеп, Кочани и Македонска Каменица по 4, Тетово, Велес, Кавадарци, Струмица, Делчево, Пробиштип и Кратово по 3, Штип и Неготино по 2 и Гостивар, Гевгелија, Свети Николе, Крива Паланка, Виница и Валандово по еден нов случај.
Од починатите, тројца се од Скопје (66г,75г и 90г), по две лица има од Битола (85г и 89г) и Струга (76г и 85г), и по едно лице од Куманово (88г), Тетово (85г), Охрид (66г), Гостивар (69г), Кавадарци (71г) и Кочани (55г). Шестмина се починати во домашни, а останатите седум во болнички услови.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 154.636. Бројката на оздравени пациенти е 145.606, на починати 5.197, а бројот на активни случаи изнесува 3.833. Досега во земјата се направени вкупно 753.923 тестирања.
OhridNews