Во последните 24 часа се направени 793 тестирања, а регистрирани се 72 нови случаи на Ковид-19, починати се 13 пациенти, оздравеле 1023, информира Министерството за здравство.
Од новодијагнозстицираните во: Скопје има 45, Куманово-4, Тетово-4, Гостивар-4, Штип-4, Кавадарци-3, Струга-4, Кичево-1, Свети Николе-1, Неготино-1, Дебар-1.
Починати се 13 лица, четири пациенти од Скопје (74, 69, 93 и 87г), три од Прилеп (69, 76 и 57г), еден пациент од Велес (51г), еден од Неготино (80г), еден од Дебар (71г), еден од Радовиш (66г), еден од Македонски Брод (66г) и еден пациент од Кратово (76г).Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.
Во моментов во Охрид активни се 367 случаи, а во Струга 175.
OhridNews