Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1530 тестирања, а регистрирани се 190 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-71, Куманово-19, Тетово-6, Прилеп-12, Гостивар-3, Штип-6, Битола-1, Велес-6, Охрид-5, Струмица-6, Кавадарци-8, Струга-11, Кочани-1, Кичево-8, Гевгелија-4, Неготино-8, Дебар-3, Ресен-7, Делчево-2, Радовиш-1, Пробиштип-2.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 2009 оздравени пациенти од: Скопје-1356, Куманово-51, Тетово -115, Прилеп -11, Гостивар-71, Штип-21, Битола-33, Велес-33, Охрид-81, Струмица-27, Кавадарци-41, Струга-33…
Починати се шест лица, четворица пациенти од Скопје (60,74,44 и 86г), еден од Куманово (72г) и еден пациент од Гостивар (64г). Пациентите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 88938, бројката на оздравени пациенти е 73601, на починати е 2702, а бројот на активни случаи изнесува 12635. Во моментов во Охрид има 376 активни случаи, а во Струга 172.
OhridNews