Веќе втора година, овци ќе ги одржуваат торинските зелени површини, и така ќе ги заштедат парите од даночните обврзници. Две стада овци се донесени во Торино, и таму два месеци грижливо ќе ги одржуваат торинските паркови.


Првото стадо овци работи во паркот Месино, а второто во паркот Сангон. Градските власти велат дека оваа пракса со овците ќе им заштеди 30.000 евра.

Минатата година овците оперирале во три паркови, а со две стада овци работеле и крави. Но оваа година се откажале од ангажирање на стада крави, бидејќи произведуваат многу повеќе гноиво.

„Се случуваат мали непријатности за јавноста, но иницијативата има еколошка вредност и мноху е поучна,и им овозможува на луѓето, посебно на младите да дојдат во контакт со животните и научат нешто за нив“, смета Федерико Томбалто, овчар чие стадо е ангажирано.