Стадо овци во Велика Британија прилично се „развеселиле“ откако изеле неколку вреќи марихуана која некој ја фрлил во полето во кое паселе животните. Според локалните медиуми, случајот бил откриен кога сопственичката на стадото забележала дека животните неконтролирано се движат наоколу. Настанот се случил на една фарма во Сари, југоисточна Англија.

Полицијата во шега соопштила дека нема да поднесат пријава против овците порадни „илегалниот оброк“, но и дека започнале истрага како би ги откриле лицата кои ја фрлиле марихуаната, чија вредност е процената на 4000 фунти. Нивното пронаоѓање, меѓутоа, нема да биде лесно бидејќи овците го излеле речиси целиот доказен материјал, истакнала полицијата. Сопственичката на фармата, Нели Бед, вели дека нејзините овци се приличн љубопитни, и дека не можеле да одолеат да ја пробаат новата врста трева.