Околу 2000 овци минале вчера низ централните улици на Мадрид во рамките на кампањата со која oвчарите сакаат да го свртат вниманието  на правата на користење на старите патишта за миграција на стоката, се позагрозени поради ширењето на урбаните зони и модерните сточарски техники. Туристите биле изненадени кога сообраќајот во центарот на шпанската престолнина бил блокиран како би минале овците со гласно блеење и звукот на клопотарците.

Од 1273 година овчарите во Шпанија имаат право да користат околу 125 илјади километри долга мрежа патишта за миграција на стоката од ладните пасишта до топлите полиња за време на зимските периоди. Тие патишта се простираат преку подрачја на кои некогаш се наоѓале отворени полиња и шуми, а сега не еден нивни дел се проширил Мадрид, чија поширока територија има повеќе од шест милиони жители. Секоја година група овчари застануваат во одбрана на тоа право во главниот град на Шпанија, а Министерстово за земјоделство од 1994 година го промовира овој настан како туристичка атракција.