И покрај тврдењата на ветеринарите дека тоа не е можно, фармерот Лиу Наијинг нема никакви сомнежи дека првото чудо се случило на неговата фарма во провинцијата Шанкси.
„Во еден момент видов една овца како лежи на тревата и го лиже млденчето. Јагнето се уште беше мокро. Се приближив и останав шокиран. Младенчето изгледаше како мешавина од овца и куче“ вели Лиу.
„Бев исплашен. Дваесет години одгледувам овци и никогаш не сум видел вакво суштество“ додаде Лиу.
Експертите од Технолошкиот центар за сточарство во Кина, велат дека е невозможно вкрстување на куче и овца и дека веројатно станува збор за абнормално јагне, пишува кинескиот печат.
извор: „Макфакс“