Ова произлегува од двата правилника кои денеска ги потпиша министерот за економија Фатмир Бесими , кои како што е соопштено, стапуваат на сила веднаш по објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.
Новина во правилниците е дека увозниците на возила претходно ќе треба да ја спроведат царинската постапка, а потоа да извршат проверка на сообразноста на возилото (хомологација).
Во случај увозникот да не добие позитивна оцена на тестот за хомологација, средствата за спроведување на царинската постапка ќе му бидат вратени.
Со усвојувањето на овие подзаконски акти се овозможува да се спроведе во пракса одлуката на Владата за олеснување на условите и постапките за увоз на користени автомобили и легализација на автомобилите со странски регистерски таблички во земјата, со што ќе им се помогне на голем број граѓани да ги заменат своите стари возила кои важат за големи загадувачи на животната средина, со понови.
Со тоа воедно значително ќе се подигне просечната старосна граница на возниот парк во земјата, со што ќе се влијае на зголемување на безбедноста во сообраќајот, како и на унапредување на квалитетот на животната средина.
извор: „Макфакс“