Имајќи го во предвид бројот на дебели луѓе во земјата, водечкиот човек на Сони, Мајкл Линтон им предложил на сопствениците на кино салите да им понудат на гледачите нешто ново, поздраво, како овошни салати или овошни јогурти. Рекол дека не е за целосно укинување на пуканките, кои се составен дел од кино културата, туку ја поттикнува разноврсната понуда, во интерес на здравјето на луѓето.


Просечното пакување пуканки содржи 76 грама масти, или 1100 калории, колку што има во шест чизбургери. Затоа се препорачува во понудата да се вметнат и овошните салати, јогурти, како и макробиотички прозиводи. Според законот, кино салите во САД се должни да го истакнат бројот на калории содржани во пуканките, сладоледот и газираните пијалаци, кои ги продаваат на публиката.