Овој едноставен рецепт е вистинска помош за добивање на свеж изглед.
Маската направена по овој рецепт одлично ја храни и ја подмладува кожата. Се препорачува да ја нанесете на подрачјето под очите, целото лице и зоната кај деколтето. Ако ја нанесувате секој ден, веќе по една недела ќе забележите дека кожата ви станува здрава и блескава.
Состојки:
-Половина банана
-Една чајна лажичка растително масло
-Една чајна лажичка павлака
Постапка за правење и користење на маската:
1. Со вилушка згмечете ја половината зрела банана.
2. Додајте го растителното масло и павлаката, добро измешајте и нанесете ја маската на лицето, зоната на деколтето, а посебно добро намачкајте го со неа подрачјето под очите.
3. После 20 минути измијте ја маската со топла вода.
извор:cromoda.com