Секојдневната консумација на овошје е поврзана со 40% помал ризик од болести на срцето, покажало истражување на половина милион луѓе.

Овошјето треба да биде секој ден на менито бидејќи ефикасно го штити срцето, покажало истражување спроведено на Оксфорд во кое се собрани податоци од речиси половина милион испитаници.

Истражувачите од Универзитетот во Оксфорд се користеле со податоци од луѓе кои никогаш немале болести на срцето и не земале лекови за зголемен крвен притисок.

Се покажало и дека секојдневната консумација на овошје е фактор кој придонесува за намалување на ризикот од хипертензија.

Во просек испитаниците кои јаделе овошје секој ден имале за 3,4 милиметри од живата понизок систоличен и за 4,1 милиметар од живата понизок дијастоличен крвен притисок.

Секојдневната консумација на овошје во посебна анализа на податоци за 61 000 луѓе со болести на срцето или хипертензија е поврзана со просечно 32% помал ризик од смрт.

извор:metro-portal.hr