Дневното конзумирање на седум порции овошје и зеленчук од 80 грама поттикнува добро расположение, покажале резултатите од истражувањето на група британски научници од универзитетот „Ворвик“ и американскиот колеџ „Дартмаут“. Истражувачите дошле до тој резултат испитувајќи ги прехрамбените навики на 80 илјади британци, пренеле медиумите.
Конзумирањето свежи производи е многу ограничено во Велика Британија и истражувачите регистрирале дека една четвртина од граѓаните јадат едвај една порција од тие производи дневно, додека само десет проценти конзумираат седум порции дневно. Токму помеѓу нив биле забележани најмногу расположени лица.