Редовната консумација на овошје и зеленчук значително го смалува ризикот од мозочен удар, покажале резултатите од истражување.
Овошјето и зеленчукот во исхраната носат здравје, а тукушто завршено истражување на 760 илјади луѓе во текот на 19 години покажало дека 200 грама повеќе овошје дневно го смалува ризикот од мозочен удар за дури 32%.

Иако зеленчукот има речиси три пати послабо дејство од овошјето, зголемениот внес за 200 грама сепак го смалува ризикот за незанемарливи 11%, така што во комбинација се многу моќно оружје во превенција на мозочниот удар, кој инаку во Кина е главна причина за смрт.

Научниците пресметале дека во целиот свет просечниот дневен внес од 600 грама овошје и зеленчук ја смалил зачестеноста на мозочен удар кој го предизвикува згрутчувањето на крвта речиси за една петтина.

Затоа, кога следниот пат го планирате оброкот, нека во чинијата задолжително има зеленчук, а овошјето нека служи наместо грицки помеѓу оброците.

 

извор: metro-portal.hr