Необично овошје, кое изгледа како јагода, а има вкус како ананас, ќе биде ставено на продажба во продавниците на трговскиот ланец Веитроз, во Велика Британија. Ананасот кој изгледа како јагода расте во шумите во Јужна Америка.


Холандските фармери овошјето го спасиле од изумирање пред седум години, а денес се одгледува во оранжерии. Купувачите коментирале дека овошјето е вистинско освежување и дека никогаш не пробале нешто слично.