Портокалот е прв кој ни паѓа на памет кога се спомнува витаминот Ц, но има овошје кое има многу поголем удел од овој витамин.
Витаминот Ц е исклучително важен за здравјето, а бидејќи го наоѓаме исклучиво во свежото овошје и зеленчук, треба да бидеме внимателни, бидејќи термичката обработка и долготрајното изложување на воздух го уништуваат. Намирниците богати со витамин Ц треба да ги јадеме сурови и свежи, па еве неколку од нив кои се помалку познати, а можеме да ги користиме секојдневно.
Кога се зборува за витаминот Ц, на сите најпрво на памет ни паѓаат агрумите, особено портокалите кои го имаат просечно 98 милиграми по плод, но има и друго овошје и зеленчук кои се уште побогати со овој важен витамин.
Така, на пример, јагодите имаат речиси еднаква количина витамин Ц како и портокалот, така што една шолја јагоди е доволна за препорачаниот дневен внес на витамин Ц, кој изнесува 75мг.
Папајата во последно време редовно може да се набави во сите подобро опремени продавници, а половина од овој плод содржи дури 238 мг витамин Ц, а покрај тоа е богата со витамин А и растителни влакна.
Уште поснабдена е гуавата која во еден плод има неверојатни 377 грама витамин Ц, така што цело семејство може да се снабди со витамин Ц од еден единствен плод.
За крај, зеленчук кој не би го очекувале во оваа група се пиперките. Половина шолја исечена пиперка има 155 мг витамин Ц, така што пиперките би можеле да бидат задолжителна состојка на сите салати или да се служат како грицки во меѓуоброк, поради малиот број калории кои ги содржат.
извор:metro-portal.hr