Германската фабрика Харибо која произведува гумени бомбони се нашла на мета на критичарите бидејќи цртаните ликови на паковката изгледаат како да се сексаат. Лимоните, црешите и останатите овошки го налутиле грижливиот британски татко Симон Симпкинс. И се жалел на фабриката откако им купил бомбони на своите деца.
Лимонот и зелениот лимон биле во, според него, многу незгодна позиција. Додал уште и дека зелениот лимон, кој делува како маж, има прилично напален поглед. Паковката на Харибо бомбоните не е променета уште од 2002 година, а ова е прв пат некој да се жали толку сериозно.