Стендап револуцијата на извонредниот охридски актер и комичар Никола Тодороски, продолжува овој петок (3ти април). Никола во големата сала при Центарот за култура „Григор Прличев“, ќе се претстави со нов материјал.

Ова е четврто продолжение на проектот „СТЕНДАП РЕВОЛУЦИЈА“ кој Никола го започна во декември минатата година. Предизвикот кој си го постави Никола со овој проект е секој месец до јуни 2015 да пишува нов материјал, нешто што само по себе е револуционерно и никогаш не е направено до сега.

Билетите за новата стендап „Револуција“ на Никола Тодороски по популарна цена од 150 денари во продажба ќе се најдат од среда.

OhridNews