Во Охрид според слободни проценки претстојуваат околу 2000 странски гости, Хотелските капацитети се исполнети над 70%, а дел од нив и целосно.
Најмногу гости има од соседните Србија, Бугарија, Косово и Албанија. Изостана очекуваниот број домашни гости, кои ги има околу 5-6.000, кои во најголем дел престојуваат во викенд становите. Приичина за помалиот број домашни гости за првомајските празници е тоа што празникот на трудот годинава не беше споен со викендот, па така за голем број граѓани во понеделник беа работните места.
изостана очекуваниот број туристи
Иако традиционално 1 Мај е репер за тоа каква ќе биде главната туристичка сезона, изминатиот викенд тоа не го покажа. Сепак туристичките работници врз основа на досега извршените резервации и склучени договори со агенциите, се оптимисти дека претстојната летна сезона се ќе биде успешна.
Најмногу туристи оваа година се очекуваат од соседна Србија. Охрид е атрактивен за српските туристи поради пониските цени од Црна Гора и Грција, но и поради традиционалното пријателство и гостопримството на кое тие наидуваат тука, велат туристичките работници.
Г. Момироски