Шефот на Ферари, Матија Биното изјави дека Антонио Џовинаци и Мик Шумахер ќе ја делат улогата на резервен пилот на италијанскиот тим во Формула 1 во сезоната 2022 година.
Шумахер ќе го замени Џовинаци како резервист на тие Гран при, на кои Италијанецот нема да може да присуствува поради настапите во Формула Е.
Антонио Џовинаци нема да се натпреварува во Формула 1 следната година, но тој ќе остане наш резервен возач. Тој ќе служи како резервен возач на дванаесет трки – кои нема да се поклопуваат со етапите во Формула Е, каде Антонио одлучи да се натпреварува следната година и за што сме многу среќни. На преостанатите единаесет трки, на кои Антонио нема да биде присутен, Мик Шумахер ќе биде резервен возач на Ферари – што, мислам, исто така е одлично. Впрочем, ова ќе биде негова втора сезона во Ф1, а Мик е возач на Ферари, член на нашата Академија. Многу ми е драго што ќе може да биде дел од нашиот тим како резервен пилот, доколку се бара. Иако се надевам дека таква потреба нема да се појави. Секогаш ќе има пристап до нашиот симулатор во Маранело. На крајот на краиштата, ние секогаш продолжуваме да ги развиваме нашите возачи, бидејќи нашата цел е тие, на крајот, да бидат во Ферари, изјави Биното.
Се очекува, Ферари новиот болид да го претстави кон средината на февруари.
OhridNews