Некои од најпознатите холивудски актерки имаат импресивно образование и дел од нив се членови на МЕНСА. Иако изгледот е особено важен за секоја жена, сепак овие холивудски дами ги освојуваат машките срца и со својата завидна интелигенција.
Натали Портман во својата кариера добивала улоги од научник до балерина. Освен што е исклучително надарена за глума, таа ги завршила академските студии на познатиот универзитет Харвард. Покрај тоа што е факултетски образована, Натали говори течно хебрејски и англиски , а добро разбира француски, германски, јапонски и шпански.
Легендарната Шерон Стоун позната е по улогите на способна жена со заносен изглед, но таа докажа дека е многу повеќе од тоа. На 15 години била примена на престижниот универзитет Единбург и има коефициент на интелигенција 154. Таа е исто така, член на МЕНСА. Шерон е доказ дека жената може да биде и паметна и убава, наспроти општествените предрасуди.
Шакира ја сакаат нејзините фанови поради прекрасната боја на гласот и интересното потекло, но освен тоа таа е и надпросечно интелигентна со IQ 140.
Познатата манекенка Синди Крафорд е една од најубавите жени на светот, но приказната за нејзините таленти и квалитет не застанува тука. Освен по нејзниот гламур, таа е позната и по својата висока интелигенција. Поради максималниот просек во средното училиште била примена на Northwestern University каде што студирала хемиски инжинеринг.
Оскаровката Никол Кидман има IQ 140 и се вбројува во жените кои освојуваат со својата убавина и интелект. Таа се откажала од студиите на 16 годишна возраст за да се посвети на професионалната актерска кариера.
Познатата актерка од серијата Пријатели, Лиза Кадроу дипломирала на студиите по биологија на колеџот Vassar.
извор:www.dnevnik.hr