За два месеци ќе биде одржана годишната ревија на „Викторија Сикрет“. Прилика да прошетаат на пистата со главните ѕвезди на оваа куќа како Адриана Лима, Карли Клос и Алесандра Амброзио, добиле и нови млади манекенки. Меѓу нив се нашле и Кели Гејл и Шанина Шаик.

Шанина има 23 години и е од Австралија, а покрај заносната убавина позната е и по врската со холивудскиот заводник Тајсон Бекфорд. Едно време се шушкало и дека го завела Џастин Бибер. Нејзината колешка, деветнаесетгодишната Кели Гејл и минатата година учествувала на престижната ревија на оваа модна куќа, но дури сега добила „крила“.