Враќањето на Лука Јовиќ од Мадрид во Белград без да го помине задолжителниот карантин од 14 денови предизвика лавина реакции во Србија и Шпанија. После стабилизирањето на ситуацијата, Јовиќ се извини и рече дека немал точни насоки околу карантинот и изолацијата. Српскиот фудбалер имал причина за експресното враќање во Србија, откако неговата девојка Софија Милошевиќ на социјалните мрежи сподели убава вест окривајќи дека е бремена.

Сакам да поделам убави вести со вас – чекаме бебе! Благодарна сум му на Лука кој беше покрај мене во овој период. Никако не можев да замислам во овој период кој е страшен за целиот свет јас да останам без него. – напиша манекенката на Инстаграм.

Без разлика на убавите вести, Јовиќ ќе одговара кривично пред српскиот суд поради прекршување на строгите правила во моменти на пандемија. На Јовиќ му се заканува затворска казна и финансиска глоба во висина од 150 000 евра.

Фудбалерот на Реал Мадрид од првиот брак со Анџелика Матијашиќ има син.

OhridNеws