Реномираниот спортски весник во Шпанија „Марка“ го формираше симболичниот тим на разочарувања за сезоната 2019/20 во Ла Лига.

На него помеѓу другите се најдоа и Антоан Гризман и Лука Јовиќ, двајцата напаѓачи кои беа најавувани како големи засилувања за Барселона и Реал Мадрид.

Тим на разочарување во Шпанското фудбалско првенство:

Голман: Јаспер Килесен (Валенсија);

Одбрана: Јуниор Фирпо (Барселона), Фернандо Калеро (Еспањол), Тиери Кореја (Валенсија)

Среден ред: Жоао Феликс (Атлетико), Матиас Варгас (Еспањол), Денис Суарез (Селта), Рони Лопес (Севиља)

Напад: Борха Иглесијас (Бетис), Антоан Гризман (Барселона), Лука Јовиќ (Реал Мадрид)

OhridNews