Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ ќе се соочи со драстична казна од шпанскиот клуб и Србија откако ги прекршил правилата околу коронавирусот (Ковид -19). Јовиќ место да биде во карантин во Мадрид одлучил со приватен авион да замине во Белград и слободно време да го помине со девојката Софија Милошевиќ.

Јовиќ првично не ја испочитувал наредбата од клубот кој им наредил на сите фудбалери да бидат во задолжителен карантин од 14 денови. Еден кошаркар од „кралевите“ бил заразен со коронавирусот, а фудбалерите го користеле истиот базен во кој претходно биле кошаркарите.

Потоа, Јовиќ ги прекршил новите правила во Србија, кои, стапија во сила ппосле прогласувањето на вонредна состојба. Лицата кои доаѓаат од ризичните земји во кои спаѓа и Шпанија мора да бидат поминат низ тестови и да бидат во карантин. Како што пренесуваат српските медиуми, Јовиќ не поминал низ никаква контрола и веднаш излегол низ улиците во Белград со својата девојка.

Српскиот репрезентативец доби јавна опомена од премиерот на државата Ана Брнабиќ, а весникот Курир на Јовиќ му поради насловна страница со зборовите „Момче сакаш да не убиеш?“.

OhridNews