Утре ПК „АКВАСПИРИТ“ – Охрид го организира „ОВФ пливачки митинг“ (Ohrid Water Festival Swimming Meet) кој е дел од Ohrid Water Festival, под покровителство на Општина Охрид.

До моментот на испраќање на ова соопштение имаме пријави на над 150 пливачи, и она на што сме особено горди е фактот што имаме пливачи од три клубови од р.Србија, по еден клуб од Косово, Албанија, и Велика Британија. Вкупно имаме пријави од 15 клубови и школи. На митингот натпреварувачите имаат можност да настапат во 8 различни дисциплини поделени во 6 возрасни категории, велат од ПК „АКВАСПИРИТ“.

Исто така, додаваат од пливачкиот клуб, на митингот ќе има и ревијална трка со даски за дечиња и ревијална трка за возрасни (рекреативци) на 50 метри слободен стил.

Натпреварувањето е поделено во два дела и тоа утрински 08:00-12:00 и попладневен 16:00-19:00 часот. Самото натпреварување е организирано согласно правилата на НПФ (Национална пливачка федерација), LEN и World Aquatics, потенцираат од ПК „АКВАСПИРИТ“.

Настанот ќе се оддржи на градскиот пливачки базен „Атина Бојаџи“ во склоп на СРЦ „Билјанини извори“ – Охрид.

OhridNews