Мајкл Овен е новиот фудбалер на Манчестер Јунајтед. Овен кој ги помина медицинските тестови потпиша двегодишен договор со “црвените ѓаволи“ со кој ќе заработува 50 илјади фунти неделно.
Манчестер Јунајтед е четвртиот фудбалски клуб за Мајкл Овен. Претходно во 297 натпревари за Ливерпул постигна 158 гола, во дресот на Реал Мадрид постигна 14 гола на 40 натпревари, додека за Њукасл во 79 меча ја затресе противничкатра мрежа на 30 пати.
За англиската репрезентација има настапено 89 пати, а притоа постигнал 40 гола.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com