Младите и талентирани музичари од Барокниот оркестар на Европската унија-ЕУ,  синоќа измамија неколку минутен аплауз во преполната Света Софија.

Иако без многу искуство и веројатно со најголем настап во својата кариера, младите барокни музичари од 12 земји од ЕУ во храмот на класичната музика во Охрид речиси беспрекорно отсвиреа час и половина. На програмата доминираше главно оркестарска музика, во најголем дел дела на Бах.


Барокниот оркестар на ЕУ остави добар впечаток

Критиката како мошне солиден го оцени настапот на Барокниот оркестар на ЕУ под диригентстката палка на данецот Ларс Улрик Мартенсен. „Иако се студенти звучат мошне зрело, доста увежбано и пред се многу професионално“, ни изјави по двочасовниот концерт музичкиот селектор Гордана Јосифовска Неделкова.


високи гости на концертот на Барокниот оркестар на ЕУ

На концертот присуствуваа амбасадорот на ЕУ во Македонија, Ерван Фуере, претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски, министерот за финансии Трајко Славевски, шефот на македонскиот преговарачки тим за името, Никола Димитров, други владини и претставници на дипломатскиот кор, градоначалниците на Охрид и Струга, Александар Петрески и Рамиз Мерко, како и други истакната гости од политичкиот и јавниот живот.

Г. Момироски