Предводејќи ја локалната и централната власт, СДСМ покажа и докажа дека вистински е посветена на креирање квалитетни политики, дека реализира значајни проекти и неуморно работи за обебедување на подобра иднина за Охрид. За нас е особено важен и квалитетот на инфраструктурата што ја создаваме рече на денешната прес конференција носителот на советничката листа на СДСМ и Коалицијата “Најдоброто за Охрид”, Науме Јованоски-Чакар.

Се подготвува проект за создавање на систем за јавен велосипедски превоз со изнајмување на велосипеди. Подобрен систем за контрола на движењето на возилата во стариот дел на градот. Ќе инсталираме современ дигитален систем со смарт видео надзор, за контрола на движењето на возилата и подобра функционалност на режимот на сообраќај во стариот дел на градот. Воведуваме нов современ еко превоз со набавка на еколошки електрични возила за транспорт на туристите и организирање на промотивни тури во стариот дел на градот, вели Јованоски.

Јованоски потсети и на реконструираните и асфалтирани значајни градски сообраќајници посочувајќи дека значително се подобрени условите за безбеден сообраќај и дека следува реконструкција и изградба и на други улици во градот.

Комплетно се реконструираа улиците  „15-ти Корпус“,  „Абас Емин“, “АСНОМ”, “Егејска”, „Прва Македонска ударна бригада“, „Охридска бригада“, „Марко Цепенков“ и изградена е нова улица на потегот во поранешната касарна. Во финална фаза се градежните активности за реконструкција на улицата „Јане Сандански“, а следува реконструкција на улиците „Македонски Просветители”, „Будва”, „Гоце Делчев”, „Прилепска“. Предвидуваме изградба на улицата „Јордан Мијалков“ реконструкција на улиците „Партизанска“, „Димитар Влахов“, „7-ми Ноември“, „Илинденска“, „Шар Планина“, „Галичица“ и многу други улици во сите делови од градот, рече Јованоски.

Додава дека остануваат посветени и продолжуваат да инвестираат во современ развој на Охрид и обезбедување на подобри услови за туристички напредок, со јасна идеја и конкретен план.

Н.С.Ј.