Јована Матевска Атанасова е авторот на расказот „Гладоморје“, кој годинава, од страна на стручното жири беше издвоен како најдобар на Конкурсот за најдобар расказ „Живко Чинго“, соопшти жири комисијата.
Матевска Атанасова по професија е дипломиран психолог. Автор е на романите „Тамбовските снегови“ и „Писмата во библиотеката“ кој е награден на конкурсот за поддршка на млади талентирани автори на фондацијата „Македоника“ и УНЕСКО. Учествувала на регионални и меѓународни конкурси и добила повеќе награди, меѓу кои најзначајни се наградите во 2015 и 2016 година, на реномираниот и традиционален конкурс за краток расказ кој го распишува весникот „Нова Македонија“ за насловите „Двете дланки“ и „Нештовина“.
Во 2018 нејзиниот расказ „Индигото на бесот“ влегува во збирката на регионалниот конкурс „Бибер 2“ и е преведен на 3 јазици.
OhridNews