Во својот настап на Меѓународниот митинг за сениори во сала кој се одржа изминатиот викенд во Будимпешта, Унгарија, членот на АК Охрид Јован Стојоски освојуваjки го првото место го собори националниот рекорд на Македонија на 400м во сала со време 47.18 сек. вреден 1096 бодови.
Рекордот стар 35 години беше во сопственост на нашата атлетска ѕвезда Исмаил Мачев , кој претходно изнесуваше 47.49 сек. поставен исто така во Будимпешта
OhridNews