Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид   и Дебрца дека на 24- ти септември, четврток, во координација  со  Министерството за здравство на РМ   ќе  се спроведе авионска  адултна  дезинсекција против комарци.  Авионската  адултна  дезинсекција  ќе се изврши во утринските часови, во период од 5 до 8 часот. На територијата на општина Охрид со дезинсекцијата ќе биде  опфатен потегот од Прентов мост  до вливот во Охридското езеро по течението на Коселска река. Во градското подрачје во зона на Касарната   и Дебело поле како и во населбите Воска  и Далјан.

На територијата на општина Дебрца  ќе се спроведе дезинсекција во атарите на селата Мешеишта, Волино  и Требеништа по течението на реката  Сатеска , како и  во зона на селата Белчишта и Велмеј по течението на Голема река.
 
Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат   соодветните мерки за заштита на на пчелите. Препаратот со кој ќе се изврши запрашувањето не е штетен за луѓето и животните , односно водата   и  почвата. Во случај на појава на неповолни временски услови  (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

Од Центарот за јаво здравје информираат дека неделава, во Охрид, ќе се врши и дератизација. Со одлука на Советот на општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дератизација на територијата на општина Охрид како општа противепидемиска мерка екипата  на ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид на 23- ти и 24- ти септември ќе спроведе  системска дератизација  во стариот дел на градот, населба Билјанини извори, Гоце Делчев ,Воска и Далјан како и по улиците Туристичка, Питу Гули, Железничка, Јане Сандански, 7ми Ноември, Марко Нестороски, Кеј Маршал Тито, Македонски просветители, Момчило Јорданоски, Прва македонска ударна бригада.

OhridNews