Оваа година е една од петте најтопли години откако од пред 150 години започнале да се бележат температурите на глобално ниво, преносува Би-Би-Си.

Британската метеоролошка служба проценува дека температуратурите ќе бидат повисоки од минатата година, доколку не дојде до поголемо заладување пред крајот на годината.

Скептиците укажуваат дека немало зголемување на температурата во последните десет години. Ова е делумно предизвикано од пацифичката струја „Ла Нина“, која ја лади Земјата.

Сепак, влијанието на ово струење е намалено оваа пролет, а британската метеоролошка служба предвидува дека оваа година, покрај студениот декември, ќе биде едена од најтоплите до сега.

Некои експерти велат дека 2009 година ќе биде едена од трите најтопли. Во последните десет години се наоѓа на листата на 15 најтопли, а ова лето температурите биле над просекот. Следната година ќе го почувствуваме влијанието на топлата струја Ел Нињо, наведува британската метеоролошка служба, додавајќи дека шансите температурите на глобално ниво да останат високи во текот на 2010 се дури 50 отсто.

Ohridnews