Граѓаните на Германија оваа година прв пат ќе испратат повеќе електронски новогодишни честитки отколку класични, хартиени, по пошта. Според истражувањето на „Битком“, оваа година 31 процент од германците планираат Новата година да ја честитаат преку електронска пошта. Околу 29 проценти од граѓаните тоа го сториле на класичен начин, со картичка или писмо.
И понатаму најмногу луѓе на пријателите и роднините добри желби за Нова година им упатуваат преку телефон, дури 71 процент, а 40 проценти со СМС пораки. Битком очекува дека во Германија во Новогодишната ноќ ќе бидат испратени 320 милиони СМС пораки. И новогодишните честитки зависат од возраста, 66 проценти од помладите од 30 години во новогодишната ноќ пишуваат СМС честитки, а тоа го прават само 11 проценти од постарите од 65 години.