Центар за култура „Григор Прличев“

Од 23.09.2019 - 20:00 до 23.09.2019 - 22:00

Diehard Records & Booking и Gabba Gabba Ohrid се потрудија оваа есен Охрид повторно да прозвучи светски. Ретка можност да се види бендот кој уште од самите почетоци во 1997 година беше под големи влијанија на скејтпанк бендовите од ’90-тите години. Од 2000 година наваму In-Sane неодоливо ја освојува Европа, свирејќи на безброј фестивали, а имаат и турнеја низ Соединетите американски држави.

Овие денови ветераните на словенечката панк-рок сцена не свират толку често, бидејќи се “расфрлани” низ цела Европа, но кога ќе засвират, може да го слушнете влијанието на dark hardcore звукот, помешан со меланхоличниот панк рок во вените на Propagandhi и Hot Water Music.

Нивните живи настапи се толку енергични и страствени и по 22 години, што вреди да се гледаат од првиот ред.

Ова е вторпат бендот да свири во Охрид. Првиот пат In-Sane свиреа во Охрид пред точно десет години (09.09.’09). Охриѓани имаа шанса да гледаат еден од најенергичните настапи на словенечките панк-рок легенди, во тогашниот култен простор Balance. Свирка која и денес се раскажува.

Време е за нивно второ претставување.
Место: Алтернативната “Керал” сцена на Центарот за Култура “Григор Прличев”, 23 септември, почеток 20 часот..
Продажно место за карти: Музичка Продавница Зизи Топ
Цена: 200 денари.

OhridNews