Во светот постојат многу домови кои секој човек би ги посакал, па ние ги извоивме трите најскапи и најлуксузни имоти кои некогаш биле ставена за продажба.
На трето место на оваа листа се наоѓа имотот “Fairfield Pond” кој има цена од $198 милиони долари. Тој се состои од главна куќа која има површина од 6130 метри квадратни, а во неа има терен за кошарка, куглана како и џакузи во вредност од $150,000 долари. Ова е најскапиoт дом во САД според Википедија.
Второто место го завзема вилата “Leopolda” со цена од $736 милиони долари која е изградена од белгискиот крал Леополд во 1902, а се наоѓа на Француската Ривиера. Таа беше купена од страна на рускиот милијардер Покхоров кој очигледно не беше погоден од економската криза.
Како најскап дом во светот е прогласена куќата наречена “Antilla” која има цена од неверојатни $1,000,000,000 долари. Таа се наоѓа во Мумбаи и во неа има се што би очекувале во дом со толкава цена. 27 катната “куќа” има шест ката гаражен простор, спа центар, теретана, неколку ката спални соби и купатила како и градина со големина од четири ката.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com