Тенка е збор кој сигурно не сакате да го користите кога ја опишувате вашата коса. Бројни фактори влијаат на здравјето и изгледот на косата, од храната која ја јадете, до начинот на кој ја средувате. Тенката коса може да стане минато ако промените само некои од навиките.

Жешка вода
Жешката вода ја дехидрира косата еднакво како и кожата. Тогаш таа станува сува, остра и склона кон паѓање. Освен што на тој начин ги миете природните заштитни масла од косата, може да се оштети и темето. Туширајте се со топла вода, а косата мијте ја со поладна вода.

Користење на жешки алати за уредување на косата
Косата се состои од протеини, а жешките алати ги оштетуваат, како и заштитната кутикула. Еднаш кога ќе се оштети кутикулата, косата неможе адекватно да се масти и склона е кон пукање. Немојте жешките алати да ги користите повеќе од 2-3 пати неделно. Исто така одберете производ за коса кој ќе ја заштити од високите температури.

Изгладнување
Изгладнувањето го поттикнува телото да ја користи сопствената енергија за да овозможи на секоја клетка нормално функционирање, а притоа не троши енергија на одржувањето на здравјето и изгледот на косата. Всушност, еден симптом на анорексијата е нагло опаѓање на косата. Изгладнувањето е најлошото нешто што може да му го направите на вашето тело.

Невнимателно третирање на водената коса
Врвовите се најчувствителни кога косата е водена. Четкањето или триењето со пешкир може да предизвика паѓање на косата и пукање на врвовите. Косата исчешлајте ја пред миењето. После миењето благо протријте ја со пешкир кој не е многу груб.

Користење на контрацептивни пилули
Контрацептивните пилули нема да делуваат исто кај секоја жена. Многу е важно со вашиот гинеколог да проверите дали ви одговараат одредени пилули. Пилулите кои содржат андроген може да предизвикаат паѓање на косата и пукање на врвовите.

Изложување на косата на сонце
Веројатно големо внимание посветувате на заштитата на кожата од сонце. Треба исто така внимание да посветите и на косата. Долготрајната изложеност на УВ зраците може да предизвика оштетување на кутикулите, поради што косата станува кршлива и почнува нагло да опаѓа. Носете шешир и користите производи за коса со УВ заштита.

Не ја миете косата доволно често
Кај миењето на косата потребно е да се најде златна средина. Во предвид треба да ги земете сите ваши навики. Ако многу се потите, косата е потребно да ја миете почесто, но сепак не претерувајте. Косата немојте да ја миете секој ден, но на секои два дена е сосема во ред. Почнете да користите шампони кои не содржат сулфати бидејќи на тој најчин ќе спречите сушење на косата.

 

извор:zenstvena.com