Постојат многу различни теории околу тоа како треба да се нанесе коректорот и неговата текстура, но дали сте знаеле дека коректорот треба да го нанесувате во форма на триаголник?
Идеалниот начин на нанесување коректор е шминкање во облик на триаголник бидејќи така одлично се покриваат подочнаците, а се избегнува и ефектот на „бели подочнаци“.
Пред да нанесете коректор, добро е да ненесете крем под очите за кожата да биде хидрирана и да се избегне влегувањето на коректорот во ситните бори. После тоа, со прст нанесете коректор од очите до образите во облик на буквата „В“. Потоа, нанесете бронзер или руменили, маскара и малку сјај за да изгледате беспрекорно.
OhridNews