На 22 јуни започнуваат уписите во прва година з аучебната 2015/2016 во ОУТУ „ Ванчо Питошески“. Училиштето нуди можност за запишување во повеќе образовни профили и тоа: – Во угостителско-туристичката струка според наставните планови и програми за стручно образование за профилите: келнер, готвач (тригодишно образование); за профилите: угостителски техничар, угостителски техничар за рурален туризам и хотелско-туристички техничар (четиригодишно образование). Во спортската академија за спортски талентираните ученици според наставен план за спортска гимназија за профилите: спортска паралелка по ракомет, спортска паралелка по кошарка и спортска паралека по фудбал.

Приемот на документи во првото пријавување во јунскиот уписен рок ќе се врши на 22 и 23 јуни 2015 година, додека за второто пријавување на 29 и 30 јуни.

Добредојдени сте да бидете дел од ова училиште. Придружете се каде што се образуваат квалификувани стручни кадри од областа на угостителството и туризмот како приоритетна стопанска гранка во развојот и афирмацијата како на Охрид така и на државата, врвни спортисти и идни репрезентативци на националните селекции. Диплома којашто е меѓународна призната и каде што теоријата се преточува во практика, се негува толеранција и другарство, натпреварувачки дух и учество на многу државни и меѓународни натпревари. Резултатите се видни и се остваруваат и најважното можност за вработување и отворање сопствен бизнис. Правилниот избор е единствениот пат кон успехот. Вашето образование е ваша иднина, порачуваат од училиштето.

Во прва година учениците ќе бидат запишани во 8 паралелки во угостителско-туристичката струка и во 3 паралелки во спортската академија.

OhridNews