Облеката го прави човекот вели добрата стара поговорка. Квалитетна гардероба со европски шмек, сега е достапна во освежениот „Outlet second hand“ во зградата „Печијаре“ во центарот на Охрид, кој нуди разноврсни парчиња облека со исклучлителен квалитет, за сите генерации.

Облеката во „Outlet second hand“ е од увоз, од Швајцарија, Италија и Англија. Тука ќе најдете и бебешка облека, како и брендирана детска облека по исклучителни цени. Бебешката облека оди спакувана со подарок ташничка.

Во „Outlet second hand“ можат да се најдат и ексклузивни парчиња облека, машки и женски бунди и капути со природно крзно – лама.

На добро познатата локација на булеварот „Туристичка“ во близина на кружниот тек кај банката, има широк избор на панталони, фармерки, јакни и спортска облека.

Облеката од „Outlet second hand“ можат да се нарачаат и онлајн, со достава низ целата држава. Исто така достава се врши и во Охрид, и тоа бесплатно.

„Outlet second hand“ е отворен од понеделник до сабота од 10 до 20 часот.

Новитетите во „Outlet second hand“ следете ги на нивниот Фејсбук и Инстаграм профил.

OhridNews
ПР артикл