ООУ „Живко Чинго“ во Велгошти со свечена програма денес ќе го одбележи патрониот празник. Истата ќе започне со полагање на свежо цвеќе на бистата од Живко Чинго во училишниот двор во 17:30 часот.

Од 18 часот започнува приредбата во спортската сала „Тодор Александров“ во рамки на која поздравно обраќање пред присутните ќе има директорката Љубица Ангелоска Кркачоска, а во програмски дел ќе бидат опфатени учениците со драматизација на македонска народна приказна, рецитал и ритмички точки.

Ќе бидат доделени и наградите од литературен, ликовен конкурс и од натпревари.

OhridNews