Екипата од Основното училиште „Ванчо Николески“ триумфираше во Училишната лига во футсал победувајќи го тимот од О.У. „Св. Наум Охридски“ по изведување на пеналите 2-2 (2-0) во финалето.


Со поддршката од публиката двете екипи одиграа фантастичен натпревар во финалето и пружија вистинско уживање со четирите постигнати погодоци.


Први поведоа „црвените“, „сините“ со пресврт го презедоа водството, а со погодок во финишот мечот отиде во пенал завршница.


„Сините“ погодија два пати, а „црвените“ промашија два пати во пенал серијата и победата замина во рацете на фудбалерите од О.У. „Ванчо Николески“.


Во мечот за третото место на победа се радуваше екипата О.У.Братство Единство, која со 4-2 славеше против О.У.Григор Прличев.

Мх.П.