ОУ „Ванчо Николески“ во село Лескоец ќе добие нова спортска сала. Денес увид на градежните активности направи градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков кој вели станува збро за голем капитален и значаен проект за учениците и жителите од Лескоец.

Денеска извршив увид на текот на градежните активности за изградба на спортската сала во рамки на училиштето. Овој проeкт години наназад беше ветуван, но никогаш до сега не беше започната постапка за негова реализација. На дело покажуваме дека подеднакво се грижиме за секој дел од територијата на Општина Охрид, потенцира Пецаков.

Според најавите на градоначалникот Пецаков, а согласно договорот со економскиот оператор очекувањата се за околу 18 месеци да биде завршена изградбата на новата спортската сала.

OhridNews