– Куќичката е тука петнаесет години и не е во школскиот двор, но ние ќе им укажеме на учениците на опасноста, исто како што тоа го правиме и за тврдините кои се во непосредна близина на училиштето. Покрај дрвото на кое е поставена куќичката секојдневно поминуваат родителите кои ги гледаат децата, но иако проблемот излегува надвор од делокругот на училиштетот ние секако ќе обратиме внимание, вели директорката Славица Илиќ.
Директорката посочува дека се води постојана грижа за безбедноста на учениците и во рамки на можностите се преземаат соодветни мерки на заштита. Проблем претставува тоа што училиштето има голем двор кој не е заграден, но затоа секојдневно се работи со учениците и низ разговор им се укажува да бидат внимателни кога се движат или играат во опкружувањето, додава Илиќ.