Трета година по ред ОУ Свети Климент Охридски со пригодна програма го одбележа светскиот ден на учителот. 5  – ти Октомври за ден на учителот е прогласен во 1993 година од стрaна на Унеско, со цел да се подобрат правата на просветните работници и да се подобри нивната положба во општеството.

Се надевам дека и во нашиот град ќе се формира здружение на просветни работници и на овај ден би ги избирале и прогласувале најистакнатите просветни работници во Охрид – рече директорката Славица Илиќ.



Во рамки на детската недела, Детската организација на сите ученици од прво одделение им додели детски пасоши и беџови со што на симболичен начин децата станаа членови на таа организација.

М.П.